вторник , 23 октомври 2018

Штербик најдобар ракометар на светот за 2017 година

Голманот на Вардар, Арпад Штербик беше избран за најдобар ракометар на светот во 2017 година, од страна на специјализираниот ракометен сајт „handball-planet“.

Во гласањето беа вклучени 30 новинари од 27 земји, како и повеќе од 100.000 посетители на сајтот.

Зад Штербик е извонредна сезона со Вардар. Тој имаше голема заслуга за историската прва титула во Лигата на шампионите.

Покрај Штербик кој собра вкупно 89 бода во идеалниот тим влегоа: Уве Генсхајмер 82 бода (ПСЖ), Микел Хансен 71 (ПСЖ), Никола Карабатиќ 73 (ПСЖ), Недим Ремили 53 (ПСЖ), Виктор Томас 35 (Барселона), Бјарте Мирол  44 (Скјерн).

Најмногу гласови во изборот за најдобар одбранбен ракометар доби Лука Карабатиќ (40 бода) од ПСЖ. Втор во оваа категорија е Илија Абутовиќ од Вардар со 33 бода.

На вторите места во категориите лево крило и плејмејкер се најдоа Тимур Дибиров (41 бод), односно Лука Циндруиќ (62 бода).

Check Also

Ципрас: Следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија

Алексис Ципрас по самитот на Европската Унија во Брисел со цинична насмевка ја најави забраната …

Опожарена викендицата на претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Ристески се сомнева во политичка позадина

Синоќа околу ѝ10:30 минути била опожарена викендичката на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Денес …

Мисајловски-Ќе ве издржиме и ќе ве поразиме!

Човек може да поднесе  пораз до одредена граница. Но кога некој ја преминува таа граница …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *