сабота , 23 јуни 2018

Колумна на Тања Каракамишева- Јовановска – ПРАВНА ИНКВИЗИЦИЈА

Велат злобата и омразата се силни негативни чувства што го парализираат и обземаат духот и умот на човекот. Колку повеќе се хранат, толку повеќе се шират и метастазираат како најлош вид на рак. Омразата и злобата во очите и во постапувањето на сегашнава власт кон опозицијата извира од сите страни.

Без разлика дали работите имаат правна или друга природа, потребата да се сотре и жив да се спали политичкиот противник е мотивот на секоја нивна нарачана и преземена акција. Таа нивна политичко канибалска потреба руши се пред себе, го ништи принципот на еднаквост на сите и на секого пред Уставот и пред законите, ја поганува и валка неповредливоста на фундаменталните човекови права и слободи, ја руши по сите основи и ја разградува по сите шавови уставноста и законитоста, и на голема врата внесува тотално безредие, анархија, политички реваншизми и крвави пресметки, изживување врз човечки животи и судбини на цели семејства.

Македонија благодарение на сегашнава инквизиторска власт е вратена во состојбата што сме ја читале во делата на Томас Хобс, Џон Лок, Жан Жак Русо.

Вратена е во времето на каубојците и индијанците каде поглаварот давал наредби кој треба да биде егзекутиран, а извршителите чекале на готовс, подготвени за егзекуција од најсуров вид без разлика дали имало или немало причина за тоа.

Македонија не е демократска земја.

Ова што го живее Македонија не може да се опише ниту како режим, бидејќи и режимот има каков таков систем со правила. Одозгора насадената власт во Македонија ниту почитува, ниту се раководи од некакви правни правила. Единствените правила по кои се мотивира и постапува се злобата, омразата, осветата и политичкиот реваншизам од најсуров вид.

Да се сотре племето, да се исуши каузата, да се пеплоса Македонштината, да се искорне патриотизмот, да се испогани националното, да се сардиса Македонија. Тоа се правилата на игра на оваа власт. И согласно тие и такви правила за терористи се прогласуваат луѓе што имаат патриотски чувства, луѓе што поседуваат висок степен на морал, чест, интегритет, достоинство, родољубивост, традиционални вредности, патриотизам, затоа што тие вредности и принципи се мисловни именки за овие што се на власт.

За терористи се прогласуваат лица што немаат ниту една сива, а камоли црна дамка во својот професионален и приватен живот. Луѓе што си ја сакаат својата Татковина, луѓе што чесно и со гордо крената глава ги претставувале нејзините интереси и ја ширеле Македонската култура како нешто најсвето, најдрагоцено, најљубено. За терористи овој наш проклет правосуден систем ги прогласи луѓето што повеќе од 70 дена на мирен и достоинствен начин ја ширеја љубовта за Татковината низ улиците ширум Македонија. Тоа им е единствениот „грев“ што може да им се припише на организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, „грев“ што ги сплоти Македонците во едно срце кое секоја вечер точно во 19 часот,во еден такт,биеше пред Македонското Собрание.

„Терористи“ што повеќе од 70 дена ширеја мир, почит, достоинство, национална гордост. „Терористи“ што сплотија и старо и младо, и партиски определени и партиски неопределени граѓани, „терористи“ што националното го ставија на пиедестал, почитувањето на државата и нејзините институции, пред се, „терористи“ што успеаја да ги поврзат сите луѓе без разлика на нивната етничка, верска и друга припадност и да ги заштитат нивните интереси, „терористи“ што секојдневно пееја во еден глас за доброто на сите во Македонија. „Терористи“ што успејаа за нешто повеќе од два месеца да сплотат над 150.000 граѓани низ македонските улици.

Тоа беше и остана нивниот најголем „грев“ кој мораше да биде најстрого казнет за да не се повтори уште еднаш, казна која треба да ја видат сите оние што размислуваат да ја продолжат благородната идеја. Пораката што вчера ја испрати „нашиот“ правосуден систем е очајна, и антимакедонска. Пораката има за цел да одзвонува во ушите на секого од нас дека вака ќе помине секој што се чувствува патриотски и што и мисли добро на државата. Како во времето на инквизицијата кога се беселе и колеле луѓе на плоштад за да видат сите. За да се втера страв во коски меѓу граѓаните.

Во 21 век сведоци сме на една морбидна и тажна Македонскаправна инквизиција на своите чеда по наредба на некои други „свои чеда“, а по нарачка на туѓи моќни сеирџии.

Пишува Каракамишева за “Курир.мк”

Check Also

Ципрас: Следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија

Алексис Ципрас по самитот на Европската Унија во Брисел со цинична насмевка ја најави забраната …

Опожарена викендицата на претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Ристески се сомнева во политичка позадина

Синоќа околу ѝ10:30 минути била опожарена викендичката на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Денес …

Мисајловски-Ќе ве издржиме и ќе ве поразиме!

Човек може да поднесе  пораз до одредена граница. Но кога некој ја преминува таа граница …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *