сабота , 21 јули 2018

Инфантино: Мундијал без Италија е трагедија

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џини Инфантино, како трагедија го оцени отсуството на Италија од Светското првенство во Русија.

– Пред да станам функционер, јас бев навивач и морам да признам дека Мундијал без Италија е трагедија, изјави Инфантино.

Првиот човек на ФИФА кој е швајцарски државјанин и роден во италијански кантон рече дека Италија ја очекува многу работа за да се врати на местото што го заслужува, а тоа е врвот на светскиот фудбал.

Италија беше елиминирана од Шведска во баражот за Светското првенство во Русија што ќе се игра следната година.

За првпат по 60 години „азурите“ нема да учествуваат на Светско првенство.

Check Also

Ципрас: Следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија

Алексис Ципрас по самитот на Европската Унија во Брисел со цинична насмевка ја најави забраната …

Опожарена викендицата на претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Ристески се сомнева во политичка позадина

Синоќа околу ѝ10:30 минути била опожарена викендичката на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Денес …

Мисајловски-Ќе ве издржиме и ќе ве поразиме!

Човек може да поднесе  пораз до одредена граница. Но кога некој ја преминува таа граница …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *