понеделник , 23 април 2018

Утре почнува 13. Европско првенство во ракомет

Во четири градови во Хрватска од утре до 28 јануари ќе се игра 13. Европско ракометно првенство на кое ќе учествуваат 16 репрезентации, меѓу нив и Македонија.

Натпреварите ќе се играат во: Загреб (група Ц), Сплит (група А), Пореч (група Б) и Вараждин (група Д). Во втората фаза натпреварите ќе се играат во Загреб и во Вараждин, додека завршницата ќе се игра во „Арена Загреб“. Воедно оваа сала е најголема со капацитет од 15.200 места, „Спаладиум Арена“ во Сплит има капацитет од 10.931 место, „Вараждин Арена“ – 5.200, додека „Жатика Спорт Центар“ во Пореч собира 3.500 гледачи.

Македонија своите натпревари во рамките на првата фаза ќе ги игра во Загреб, каде за ривали ќе ги има селекциите на: Словенија (13 јануари), Црна Гора (15 јануари) и европскиот првак Германија (17 јануари).

Check Also

ВМРО-ДПМНЕ најавува масовни протести и предвремени парламентарни избори

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ т.е нејзиниот нов претседател Мицкоски во своето вчерашно гостување на еден Македонски телевизиски …

Груевски: Судот е под силен политички притисок

Повторно сум овде во судот, во 8 дена, шест дена сум во судот. Пред неколку …

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го поведе народот во поход против оваа ненародна власт

ВМРО-ДПМНЕ се реконструира многу внимателно нема да дозволи да биде испровоцирана на непредвидени чекори. ВМРО-ДПМНЕ за …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *