сабота , 20 јануари 2018

Македонија против Словенија го почнува настапот на ЕП во Хрватска

Словенија е првиот противник на македонската репрезентација на 13. Европско ракометно првенство што се игра во Хрватска.

Натпреварот се игра вечер од 19 часот и 30 минути и ќе биде во рамките на Ц-групата која се игра во Загреб.

Се очекува македонските ракометари да имаат поддршка од околу две илјади навивачи кои ќе се обидат да им се спротивстават на околу пет илјади Словенци кои го најавија своето присуство во „Арена Загреб“.

Ова за македонските ракометари е петто учество на континенталните првенства. Првото учество беше во 1998 година во Италија, кога беше освоено 12-то место. На следниот шампионат на кој настапи Македонија го постигна најдобриот резултат и го освои 5.место во Србија 2012 година. На шампионатот 2014 година во Данска, нашите ракометари го освоија 10.место, а пред две години во Полска се пласираа на 11.место.

Покрај Македонија и Словенија, во Ц-групата уште се и Германија и Црна Гора кои меѓусебниот дуел од 1.коло ќе го имаат во 17:15 часот.

Check Also

Македонските навивачи ја продолжија традицијата за Водици: Го фаќаа крстот во Загреб

Македонските навивачи ја продолжија традицијата на големите ракометни натпреварувања за време на големиот христијански празник …

Годинава,Светиот Крст за “Водици” ќе се фрла во базентот од хотел “Салида” во Прилеп

Годинава,Светиот Крст за “Водици” во Прилеп ќе се фрла во новиот базент од хотел “Салида”, …

Не тргнувајте кон Попова Шапка, патот е затворен

Од 11:40 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *