сабота , 21 јули 2018

Димитров: Го охрабривме Нимиц во среда да излезе со првичен предлог за името

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека се уште нема предлог за решавање на спорот со името, но медијаторот Метју Нимиц е охрабрен да излезе со првична рамка уште следната недела.

– Се уште немаме предлог на масата за решавање на спорот со името. Одлучивме да го охрабриме медијаторот Метју Нимиц да излезе што е можно побрзо, дури и идната среда, со една првична рамка што ќе послужи или што ќе даде насоки за суштински напредок и најавивме подготвеност да се вклучиме како шефови на дипломатии директно, нешто што досега не се случило, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во синоќешното интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Според него, факт е дека меѓу Македонија и Грција се уште постојат разлики и во наредниот период ќе се види дали ќе биде возможно тие да се надминат.

– Многу е важно за Грција да има појасна дистинкција меѓу државата Македонија и регионот Македонија во Грција. За нас е многу важно да нема никаков сомнеж во однос на идентитетските прашања, и многу е важно да најдеме достоинствен начин да објаснуваме и да елаборираме, изјави Димитров.

Според него, не може Македонија да биде само Грчка, бидејќи не е, и не може Македонија да биде само наша бидејќи не е, географскиот регион е голем и има три држави.

– И во таа смисла мислам дека вистинскиот одговор на иредентизмот е принципот на неексклузивност. И двете страни имаат право да го користат и терминот и името, и изведенките, во различни контексти. Принципот на неексклузивност или немање монопол е немање право само ние да ја користиме Македонија како Македонија, истакна шефот на дипломатијата.

Извор:Курир.мк

Check Also

Ципрас: Следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија

Алексис Ципрас по самитот на Европската Унија во Брисел со цинична насмевка ја најави забраната …

Опожарена викендицата на претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Ристески се сомнева во политичка позадина

Синоќа околу ѝ10:30 минути била опожарена викендичката на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Денес …

Мисајловски-Ќе ве издржиме и ќе ве поразиме!

Човек може да поднесе  пораз до одредена граница. Но кога некој ја преминува таа граница …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *