Од исходот на овој натпревар зависи дали Македонија ќе ги задржи шансите за полуфинале. За да се случи тоа „црвено-жолтите“ мораат да победат, а дали ќе триумфираат во голема мера ќе зависи дали ќе игра капитенот Кирил Лазаров.

По вчерашните медицински прегледи и снимки во Загреб, не беше решена дилемата дали Лазаров ќе му биде на располагање на селекторот Раул Гонзалес. Од таборот на нашата репрезентација уверуваат дека се што е во нивна моќ ќе направат Лазаров да биде на теренот, но сепак тоа ќе зависи од видот и тежината на повредата.