На средбата се разговараше за европската агенда на регионот и зајакнување на соработката во рамките на Европската народна партија чиј составен дел е и ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, нагласи дека стратешки приоритет претставува членството во ЕУ како суштинска ориентација преку која треба да се овозможи унапредување на стандардите и овозможување на шанси за напредок.