понеделник , 23 април 2018

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го поведе народот во поход против оваа ненародна власт

ВМРО-ДПМНЕ се реконструира многу внимателно нема да дозволи да биде испровоцирана на непредвидени чекори. ВМРО-ДПМНЕ за многу краток период ќе се реорганизира ќе застане цврсто на нозе и ќе тргне во одлучувачки поход кон уривање на оваа ненародна власт предводена од Зоран Заев, а поддржана од Талат Џафери,се до моментот додека немаме предвремени избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување на Алфа телевизија.

Мицкоски зборуваше и за обидите на СДСМ да се испровоцира опозицијата да направи непромислен чекор и да се обвини ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазици, преговорите за името и сите неуспеси на владата.

Тој истакна дека периодот на мај месец, отприлика ќе биде почетокот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе започне со протести по улиците низ Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да се врати додека не победи на следните предвремени парламентарни избори, а се со цел заштита на националните и државни интереси на Република Македонија, нагласи Мицкоски.

Извор:Курир.мк

Check Also

ВМРО-ДПМНЕ најавува масовни протести и предвремени парламентарни избори

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ т.е нејзиниот нов претседател Мицкоски во своето вчерашно гостување на еден Македонски телевизиски …

Груевски: Судот е под силен политички притисок

Повторно сум овде во судот, во 8 дена, шест дена сум во судот. Пред неколку …

Османи: Следната недела да се изгласа Законот за јазиците за доброто на Македонија

Наредната недела Законот за јазиците повторно ќе се најде пред пратениците и се очекува да …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *