понеделник , 23 април 2018

ВМРО-ДПМНЕ најавува масовни протести и предвремени парламентарни избори

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ т.е нејзиниот нов претседател Мицкоски во своето вчерашно гостување на еден Македонски телевизиски канал ги најави следните чекори на опозициската партија. Тој одговараќи на новинарско прашање изјави дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов го анализира целото сценарио кое се случуваше во законодавниот дом кога неуставно и противзаконски беше донесен законот за употреба на јазиците. Мицкоски истакна дека во моментов опозициската партија се освежува со нови кадри и дека веќе од наредниот месец ќе ги повика членовите а и сите граѓани на Република Македонија на масовни протести против оваа инсталирана власт, дека протестите ќе траат се додека не се исполни целта-предвремени парламентарни избори и на крај враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт во државата НО најави и одговорност за носењето на законот за јазици.

Check Also

Груевски: Судот е под силен политички притисок

Повторно сум овде во судот, во 8 дена, шест дена сум во судот. Пред неколку …

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го поведе народот во поход против оваа ненародна власт

ВМРО-ДПМНЕ се реконструира многу внимателно нема да дозволи да биде испровоцирана на непредвидени чекори. ВМРО-ДПМНЕ за …

Османи: Следната недела да се изгласа Законот за јазиците за доброто на Македонија

Наредната недела Законот за јазиците повторно ќе се најде пред пратениците и се очекува да …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *