сабота , 21 јули 2018

Опожарена викендицата на претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Ристески се сомнева во политичка позадина

Синоќа околу ѝ10:30 минути била опожарена викендичката на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Денес после овој немил чин се огласи и самиот Ристески кој истакна дека се сомнева во политичка позадина на целиот овој настан.

Ристески истакна дека во викендичката нема приклучок за струја ниту плински боци ниту пак било какви елементи од кои би можел да избие пожар и ги повика припадниците на МВР брзо и ефикасно да ги откријат сторителите но и нарачателите на овој немил и грд чин.

Како што истакна Ристески во својата изјава и преходно неговиот имот и семејство биле цел на вандали, имено на денот на изборите била оштетена портата од неговата семејна куќа, тогаш пријавил но до ден денешен никој не го исконтактирал за да објасни дали се води било каква постапка за сторителите.

Ристески потенцираше дека се сомнева во политичка позадина на целиот овој настан.

Check Also

Ципрас: Следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија

Алексис Ципрас по самитот на Европската Унија во Брисел со цинична насмевка ја најави забраната …

Мисајловски-Ќе ве издржиме и ќе ве поразиме!

Човек може да поднесе  пораз до одредена граница. Но кога некој ја преминува таа граница …

ВМРО-ДПМНЕ најавува масовни протести и предвремени парламентарни избори

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ т.е нејзиниот нов претседател Мицкоски во своето вчерашно гостување на еден Македонски телевизиски …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *