сабота , 20 јануари 2018

ВЕСТИ

Столтенберг ги поздрави двојазичноста и договорот со Бугарија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенбег е во прва посета на Република Македонија. По средбите со државниот врв, тој се обрати во Собранието, а на седницата присуствуваа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја бојкотираат работата на законодавниот дом. Во обраќањето Столтенберг истакна дека очекува по знамето на Црна Гора пред зградата на седиштето на НАТО да се развиори и македонското …

читај повеќе »

Иванов: Богојавление треба да нè потсетува да не се навраќаме на старото, туку да се стремиме кон живот исполнет со љубов, понизност, милост и солидарност

 Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници. – Одбележувајќи го денот на кој св. Јован Крстител го крстил Господ Исус Христос во реката Јордан, се потсетуваме дека Бог се поистовети со …

читај повеќе »

Македонските навивачи ја продолжија традицијата за Водици: Го фаќаа крстот во Загреб

Македонските навивачи ја продолжија традицијата на големите ракометни натпреварувања за време на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Околу 50 Македонци дојдоа во црквата Света Злата Мегленска во Загреб да го одбележат овој голем празник. Светиот крст го фати Петар Симонов од Скопје. Си посакаа здравје и уште победи за македонската репрезентација на ЕП. Инаку, ракометните натпреварувања се одржуваат во …

читај повеќе »

Годинава,Светиот Крст за “Водици” ќе се фрла во базентот од хотел “Салида” во Прилеп

Годинава,Светиот Крст за “Водици” во Прилеп ќе се фрла во новиот базент од хотел “Салида”, в петок, во 12 часот.  Со фрлањето на светиот крст во водите точно на пладне според црквата ќе завршат овие така наречени некрстени денови. Годинава за фаќање на светиот крст се пријавени 99 верници од кои најмладиот е дванаесет годишно девојче.

читај повеќе »

Не тргнувајте кон Попова Шапка, патот е затворен

Од 11:40 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец село Лисец – Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонија пат“. Забраната е воведена поради силниот северен ветер кој предизвикува снежни наноси на коловозот.

читај повеќе »

Се празнува Водокрст, денес е строг пост

Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата …

читај повеќе »

Македонските ракометари заминаа во Вараждин

Македонската ракометна репрезентација попладнево го напушти Загреб и тргна кон Вараждин каде ќе ги игра натпреварите од втората фаза на Европското првенство во Хрватска. Македонија е прва во новоформираната група со три пренесени бода од првата фаза. На „црвено-жолтите“ им претстојат дуели со Шпанија, Данска и со Чешка во обид да остварат поволни резултати кои ги им овозможат освојување на …

читај повеќе »

Столтенберг за МИА: Името мора да се реши

НАТО ќе ја покани Македонија да се приклучи како негова земја-членка откако ќе биде постигнато взамно прифатливо решение во спорот со Грција за името, порача генералниот секретар на НАТО во интервјуто за МИА, кое го даде непосредно пред неговото пристигнување во првата официјална посета на земјава. На прашањето дали Македонија ќе добие покана за членство на самитот во НАТО во …

читај повеќе »

Македонците се “заразуваат” со криптовалути – Народната банка ја информира јавноста за ризиците

Насекаде се зборува за криптовалутите кои го нападнаа светот. Луѓето секојдневно читаат и добиваат информации за штп станува збор. Народната банка на Република Македонија преку соопштение укажа дека според домашната важечка регулатива вложувањето од правни и физички лица резиденти на Македонија во виртуелни или крипто валути не е дозволено, исто како што не е дозволено ниту отворање сметки и купување …

читај повеќе »